Инфраструктурни проекти и нови инвестиции за Радожда

Решавањето на проблемот со фекалната канализација е најголем приоритет за жителите на струшкото село Радожда. Проблемот му го посочија на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски при синоќешната посета на ова населено место на која беше придружуван од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски. За финансирање на овој проект, според Груевски, решението ќе се бара преку ИПАРД фондовите на Европската унија. Доколку не се обезбедат на овој начин прашањето со изградба на кракот кај Радожба од колекторскиот систем…

повеќе...

Тешка кражба во црквата „Св.Илија“ во Радожда

Непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св. Илија“ во струшкото село Радожда. Казненото дело, засега непознатиот сторител го извршил во периодот од втори до десетти овој месец употребувајќи подесен остар предмет со кој насилно делувал врз бравата од влезната врата. Откако значително ја оштетил бравата, сторителот на овој вандалски чин успеал да ја отвори влезната врата и да влезе во внатрешноста на црквата. Потоа извршил пребарување, од олтарот и одзел четири резбани столпчиња со должина од два метри и ширина 15 сантиметри и две резбани царски двери. На местото…

повеќе...

Претседателот Иванов присуствувше на методско-показна тактичка вежба – „Неутрализирање на непријателски пловен објект“

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, придружуван од министерот за одбрана, г. Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал потполковник Горанчо Котески, денеска во Радожда, присуствуваше на методско-показна тактичка вежба „Неутрализирање на непријателски пловен објект” на припадниците на полкот за Специјални операции и Воздухопловната бригада при АРМ. Се раководевме од намерата подобро да се спречи во почетниот период и затоа вежбата се одвиваше на граничната линија на границата на Република Македонија. Ова што го изведувавме денеска е во склад со мисијата на армијата за…

повеќе...

Методско-показна тактичка вежба „Неутрализирање на непријателски пловен објект“

Утре, 16-ти јули, во Радожда, Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили д-р Ѓорге Иванов, Министерот за одбрана д-р Зоран Јолевски и Началникот наГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, ќе ги посетат припадниците на полкот за специјални операции (пСО) на АРМ, кои на овој локалитет изведуваат обука во летни услови. Припадниците на ПСО утре ќе изведат методско-показна тактичка вежба ,,Неутрализирање на непријателски пловен објект“, а ќе бидат прикажани и повеќе содржини од обуката на вода како што се: обука во нуркање, совладување на водени пречки и спасување…

повеќе...