Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 0.6% на месечно ниво, а се пониски за 0.4% на годишно ниво.
Во мај 2014, во споредба со април 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3.7%, а во секторот Преработувачка индустрија за 0.3%.
Во мај 2014, во споредба со мај 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0.2%, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 0.4%.