Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари

Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 0.6% на месечно ниво, а се пониски за 0.4% на годишно ниво.

Во мај 2014, во споредба со април 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3.7%, а во секторот Преработувачка индустрија за 0.3%.

Во мај 2014, во споредба со мај 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0.2%, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 0.4%.