Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 0.6% на месечно ниво, а се пониски за 0.3% на годишно ниво.
Во мај 2014, во споредба со април 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2.4%, во секторот Преработувачка индустрија за 0.2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3.4%.
Во мај 2014, во споредба со мај 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3.5%, а во секторот Преработувачка индустрија и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 0.5%.