Кривични пријави за двајца охриѓани поради тешки кражби и прикривање

Секторот за внатрешни работи Охрид, против Г.С.(35) од охридското село Долно Лакочереј и В.Т.(39) од Охрид поднесе кривична пријава. Пријавата е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Тешка кражба“ и  „Прикривање“.

Пријавениот Г.С. кон крајот на март оваа година, со употреба на физичка сила насилно отворил прозорецот од приземје на куќа на улицата „Радојца Новичиќ“ во Охрид и по извршеното пребарување, одзел два лап-топ компјутери од марките „Асус“ и „Ацер“, околу 10.000,оо денари, 200 евра, сребрен и „Сваровски“ накит. Еден од одземените лап-топ компјутери, подоцна бил даден на залог кај пријавениот В.Т. а потоа продаден за 2000,оо денари. Кон средината на април, Г.С. со употреба на физичка сила насилно отворил влезна врата од куќа во селото Долно Лакочереј од каде одзел 9000,оо денари. Со извршените тешки кражби, Г.С. и В.Т.  се стекнале со против-правна имотна корист од 59.000,оо денари.

Пријавените Г.С. и В.Т. се лица познати на службата против кои, за вакви и други казнени дела и досега им биле поднесувани повеќе кривични пријави.