Претседателот Иванов присуствувше на методско-показна тактичка вежба – „Неутрализирање на непријателски пловен објект“

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, придружуван од министерот за одбрана, г. Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал потполковник Горанчо Котески, денеска во Радожда, присуствуваше на методско-показна тактичка вежба „Неутрализирање на непријателски пловен објект” на припадниците на полкот за Специјални операции и Воздухопловната бригада при АРМ.

Се раководевме од намерата подобро да се спречи во почетниот период и затоа вежбата се одвиваше на граничната линија на границата на Република Македонија. Ова што го изведувавме денеска е во склад со мисијата на армијата за заштита на територијалниот интегритет, но и при учество на одредени мировни операции, истакна началникот на Генерал Штабот на АРМ, Котески.

018

Тој позитивно ги оцени активностите на припадниците на полкот за специјални операции и воздухопловната бригада, што, според него, полкот го потврди мотото „Секаде први, секаде подготвени”.

„Специфичноста на оваа вежба произлегува од потребата за добра координираност во подготовката, организацијата и изведувањето на една вежба од ваков тип. Во вежбата учествуваа копнените сили, воздухопловните сили и припадниците на езерицата на АРМ. Со вежбата сакавме да ја покажеме и координацијата на меѓу АРМ и МВР во случај на уфрлување на терористички групи на територијата, односно одредени борбени дејства проследени претходно со специјална војна”, појасни генералот Котески.

Овие операции, како што оцени Васко Ѓурчиновски бригаден генерал, командант на полкот за специјални операции, се со многу висок ризик и бараат екстра тренинг и подготовка да се одговори во секој поглед.

 „Денеска демонстриравме целокупна оспособеност и комбиниран капацитет за одговор на секаков вид закана со поддршка и содејство на силите на армијата од воздух и од копно, како и на нуркачките единици преку спасување давеник”, изјави бригадниот генерал Ѓурчиновски.

radozda3

 Целта на методско-показна тактичка вежба „Неутрализирање на непријателски пловен објект” беше проверка на обученоста на Полкот за специјални операции и Воздухопловната бригада за изведување комбинирани активности на копно, вода и воздух.