Македонија се искачи на 74 место на најновата ФИФА рејтинг листа

Репрезентацијата на Македонија се искачи 6 места нагоре и се најде на 74-то место според најновата ФИФА рејтинг листа. Овој скок се должи на одиграните пријателски натпревари против Кина, особено нерешениот 0:0 кој конкретно ни донесе бодови изминатиот месец. 

По завршувањето на Светското првенство во Бразил, промени има на врвот од ФИФА рејтинг листата. Светскиот шампион Германија се најде на првото место, а веднаш зад неа следуваат второпласираната Аргентина и третопласираната Холандија.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Туркс и Каикос Островите, со скок од +26 места се најде на 181-то место, додека пак најголем пад имаше репрезентацијата на Ел Салвадор од -53 места и се најде на 121-то место.

WebOhrid