Опозицијата побара прекин на одржувањето на 26-та седница на Советот на општина Охрид

На денешната 26 седница на Советот на град Охрид опозицијата побара прекин на одржувањето на оваа седница, заради тоа што како што истакнаа,  пред самото почнување на оваа седница не им биле доставени две точки, а за кои што тие сметаат дека се од огромно витално значење за работата на Охрид.

„Тоа се точките поврзани со физибилити студијата која што се изготвува за јавно приватно партнерство за покриен градски пазар. Материјалите за овие точки ги добивме непосредно пред почетокот на седницата, а сметаме дека не можеме за една ваква витална точка да разговараме на самата седница, пред претходно да бидеме спремни, да ги разгледаме тие материјали. Сметаме дека и по договорот кој што беше воспоставен, компромисен договор на координација помеѓу советничките групи беше речено дека точки пред дневниот ред нема да бидат доставувани,меѓутоа за жал и денеска бевме сведоци дека локалната власт повторно ни постави дневен ред за да разговараме за една ваква точка, која што во секој случај ги засега граѓаните на општината Охрид.“- истакна координаторот на советничката група на СДСМ во Советот на општина Охрид, Јован Стојаноски и додаде:

Второто заради кои што го побаравме прекинот на оваа седница е заради тоа што во поглед на буџетските програми кои што се поврзани со реализација на буџетот. Во ниедна програма не видовме материјали за тоа колку се потрошени пари во однос на соодветните програми. Дадовме период од 3 дена по одржувањетон на комисиите, да тие материјали ни бидат доставени до почетокот на самата седница, но материјалите не ни беа доставени и на ваков начин ние не можиме да разговараме за буџетските програми, за тоа како се трошени парите во општината Охрид,бидејќи едноставно немаме финансиски показатели и податоци за тоа каде и како се потрошени парите. Дали е ова некој начин за да локалната власт ги покрие постапките и активностите кои што ги спроведува во изминатиот период, не можеме во овој момент да ја потврдиме таа претпоставка,но по одвивавањето на дискусии ќе утврдиме дали тие активности биле правилно извршени, колку пари биле потрошени, и се разбира доколку сепак на крајот добиеме барем некаков податок колку пари биле потрошени и каде биле потрошени тие пари.“-рече Стојаноски.

JovanStojanoski

WebOhrid