Аркадиј Володос „раскажа“ романтични музички приказни во „Света Софија“

Извонреден настап на фестивалот „Охридско лето“ синоќа имаше рускиот пијанист Аркадиј Володос. Во катедралната црква „Света Софија“ која има одлична акустика, публиката ужуваше во нотите на Брамс, Шуберт и Шуман и прекрасната изведба на еден од најпознатите и најистакнати „раскажувачи“ на романтични музички приказни.

Според селекторката на музичкиот дел на фестивалот „Охридско лето“ Гордана Јосифова-Неделковска, Аркадиј Володос ја придобива публиката од целиот свет, а за неговото присуство во Охрид е голема чест за самиот фестивал.

„Особено ми е драго што после неколку години договарање, конечно го имаме Маестро Володос за првпат на фестивалот и во Македонија.  Володос е предводник на пијанистичката елита на денешницава, а неговото доаѓање значи вистинска гордост и почестеност за фестивалот. Овој „гениј“ со своето исклучително и неверојатно изведувачко мајсторство постојано ја придобива публиката низ целиот свет“, вели Јосифова-Неделковска.

Володос, кого уште го нарекуваат „гениј на клавијатура“ , со своето музицирање побуди длабоки емоции кај посетителите на концертот кои лично се уверија  дека тој заслужено го носи таквиот ептитет.

Arkadij Volodos 4