Нов паркинг простор наспроти Центарот за обука на вода

Нов  уреден паркинг простор наспроти Центарот за обука на вода во непосредна близина на мостот кај  каналот „Студенчишта“, наскоро ќе добие Охрид. Активностите за уредување на новиот паркинг простор со кој ќе стопанисува ЈП „Билјанини извори“ се во тек, а ги реализираат охридските јавни претпријатија „Ниско градба“ и „Градски гробишта“.

Новиот паркинг се очекува да биде ставен  во употреба на крајот од оваа недела и ќе биде наменет за паркирање на околу 60-ина автомобили. Паркирањето ќе изнесува 30 денари за час а до него  ќе  се стигнува преку кракот кој води до дирекцијата на ЈП „Охридски комуналец“, а кој се издвојува  од магистралниот пат  кој води кон   манастирскиот комплекс Св. Наум. 

Со одлука на совет патеката  од новиот паркинг простор до “Горица 1“ е слободна пешачка зона и е затворена за сообраќај во текот на целата летна сезона. Со ова се решава долгогодишниот проблем со кој се сочуваа и охриѓани и гостите кои посебно во лето поради  метежот што со своите автомобили го правеа посетителите на кафулињата што се во непосредна близина, оневозможуваа слободно пешачење,спортување и рекреирање.   Наскоро сопствениците на кафулињата и нивните посетители   ќе имаат можност да ги паркираат возилата  на новиот паркинг во непосредна близина на мостот.