Меѓународен ракометен турнир „Струга 2014“

Агенцијата за млади и спорт продолжува со активностите во насока на промоција на македонскиот спорт на меѓународен план.

Поради тоа денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт се оддржа прес-конференција по повод овогодинешното одржување на 42-от меѓународен ракометен турнир „СТРУГА 2014“.

На прес-конференцијата учество зедоа директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, претседателот на одборот Лилјана Затуроска, спортскиот директор Сашо Србиноски и техничкиот секретар Ѓоко Илоски.

Директорот Марјан Спасески во својот говор истакна дека Агенцијата за млади и спорт секогаш е главниот поддржувач на традиционалните спортски манифестации и поради тоа, оваа година од својот буџет одвои 700.000 илјади денари во насока на поддршка и организација на меѓународниот ракометен турнир „Струга 2014“.

Директорот Спасески додаде дека екипите кои оваа година ќе учествуваат на турнирот доволно говори за јачина на турнирот и тоа покрај домашните екипи домаќинот рк Струга учество ќе земат рк Металург и рк ЖВардар,а од странските екипи Унион Спортиве Кретели од Франција, Сант Петерсбург од Русија, Металопластика од Србија и Азоти Пулави од Полска. 

Спасески истакна дека турнирот Струга секоја година промовира македонски млади ракометари кои преку своите игри се наметнуваат и стигнуваат до сениорската репрезентација.

„Дозволете само да ги споменам имињата на Наумче и Златко Мојсоски, Веле и Никола Маркоски, Аце Јоновски, Гоце Ојлески, Марко Нелоски и Никола Костески, очекувам оваа нишка со репрезентативци да продолжи и оваа година.“ – заврши Спасески.