Заменик претседателката на СДСМ се сретна со италијанската министерка за надворешни работи

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска имаше средба со италијанската министерка за надворешни работи, Федерика Могерини.

На состанокот се разговараше за евроинтеграцискиот процес на Република Македонија којшто е во сериозен застој веќе неколку години.

Заменик претседателката, Шекеринска, ја изрази определбата на СДСМ за што е можно побрз почеток на преговори на ЕУ со Република Македонија, но и загриженоста околу негативните состојби во поглед на медиумите, одвојувањето на државата од партијата, судството и отсуството на политички дијалог.