ВМРО-ДПМНЕ: Ја прашуваме Народна партија дали успеала да ги собере потребните 10 000 гласови за да го продолжи своето постоење?

Во врска со соопштението на ВМРО-НП Охрид, реакција испрати и ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во која стои: 

„Наводно “постоечката“ Народна Партија, денеска со неиздржаното и во најмала мера очајно и смешно соопштение испратено до медиумите го допре или подобро кажано се најде под политичкото дно.

До некаде и разбирливи се ваквите испади на Народна ако се земе во предвид фактот дека тие се повеќе бледнеат односно исчезнуваат од политичката сцена, па соопштенија од ваков тип очигледно се доволни да си го потхранат сопственото его и да се самозадоволуваат.

Најверојатно така наречените “народњаци“ се чуствуваат како гости затоа што повеќе од очигледно не знаат што се случува во нашиот Охрид. Што можеме друго да кажеме, освен дека тие одат со затворени очи по бројните улици и патишта кои се асфалтирани и реконструирани откако на власт е градоначалникот Бакрачечски, очигледно се и слепи и глуви пред содржините кои се пласираат преку електронски и печатени медиуми штом незнаат за напорите на градоначалникот Бакрачески да привлече што е можно поголем број инвеститори кои постојано доаѓаат кај нас.Охридската и македонската јавност знае но “народњаците“ очигледно не знаат или смислено не сакаат да знаат за крупните преоекти кои се во тек а ги реализира Локалната самоуправа предводена од градоначалникот Бакрачески меѓу кои : индустриската развојна зона “Мауцхер“ , скијачкиот центар на Галичица, затворениот пливачки базен, затворениот зелен пазар, новото улично осветлување, нови водоводни и канализациони мрежи во градските и приградски средини. Има уште многу , многу, отпочнати проекти за кои веруваме дека и вие од НП сте свесни но не сакате да го признаете тоа. Локалната самоуправа, предводена од градоначалникот Бакрачески работи законски со почитување на сите правила и пропишани норми па оттука е нормално секој проект кој ќе биде квалитетен и добар за Охрид и охриѓани да има и свои временски димензии. Согласно изборната програма се што ветува градоначалникот Бакрачески исполнува. Меѓу другото го плаќа и астрономскиот долг од над 33 милиони евра за кои и вие како “приврзоци“ на бившата локална власт и го оставивте на Општината. Градоначалникот Бакрачески успеа да ги стабилизира и Јавните претпријатија и образовните установи во градов кои ги оставивте во катастрофална состојба а вработените без плати.

Изгубени во сопствената безидејност, за да бидете уште посмешни се дрзнавте да ја коментирате тековнава летна туристичка сезона и со самото тоа покажавте дека навистина сте тотално не информирани затоа што не знаете дека статистичките податоци говорат за значително зголемениот број на странските туристи кои во Охрид доаѓаат за да ги видат неговите културно –историски белези и уредност. Доволен показател за зголемениот број туристи е наплатата од туристичката такса.

Во однос на 2011-та година кога Општина Охрид наплатила од туристичка такса околу 26 000 евра за месеците април, мај и јуни, за оваа година се наплатени 36 000 евра односно се бележи пораст од 38%. За разлика од лани односно 2013-та година кога се наплатени 40 000 евра, оваа година има пад од само 10% кои што според согледувањата на експертите ќе се компензираат во месец август.

Што се однесува до двата мостови кај Градиште тие се изградени во 70-те години од минатиот век и се наполно легални односно изградени според сите законски прописи и норми. Едниот од нив во меѓувреме е реконструиран односно факсимилно изграден, а вториот се одржува од фирмата на чиј имот се наоѓа. Што е најбитно, двата мостови се безбедни за минувачите и не се дивоградби.

Мостот на желбите е небезбедна дивоградба која очигледно за вас е оправдана ако се земе во предвид фактот дека се што е незаконско, коруптивно и нелегално за вас е добро па дури и тогаш кога е ризично.

На крај на “наводната“ Народна Партија јавно ја прашуваме дали се уште го задржала статусот на правен субјект, односно дали успеала да ги собере потребните 10 000 гласови за да го продолжи своето постоење?

ВМРО- ДПМНЕ во наредниов период ќе го испита правното постоење на овој субјект по што ќе преземе и соодветни правни чекори.“– стои во реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.