Едно возило-џип марка „Range Rover“ со англиски национални ознаки и безживотно машко тело на задното седиште, синоќа пронајдоа полициските службеници работејќи на реализација на казненото дело „Разбојништво“ извршено на 29-ти минатиот месец во две златари во Дебар.
Возило е пронајдено во 19 часот и 45 минути на место викано „Мирешки ливади“ во близина на државната граница со Република Албанија. Двете задни врати од џипот биле отворени, задното ветробранско стакло било скршено, а на задното седиште во лежечка положба е забележан машкиот леш.
На лице место, во тек е криминалистичко-технички увид во присуство на јавен обвинител од Основниот суд во Дебар, претставници од судска медицина, од Министерството за внатрешни работи и други овластени службени лица.