Зголемената фрекфенција и густината на сообраќајот на патиштата во Република Македонија во текот на првото полугодие од 2014 година, а особено непочитувањето на сообраќајните правила од страна на учесниците во сообраќајот, пред се на возачите, имаше за последица случување на 1.716 сообраќајни незгоди со потешки последици.
Максималната ангажираност на службите за безбедност на патниот сообраќај на Министерството за внатрешни работи резултираше со поповолна безбедносна состојба во сообраќајот за што сведочат намалениот број на сообраќајните незгоди со потешки последици, каки и намалување на бројот на жртвите-учесници во патниот сообраќај.
Од извршената анализа може да се заклучи дека во првите шест месеци од годинава најголем број на сообраќајни незгоди со потешки последици се случиле на подрачје на СВР Скопје. Најчеста причина поради кои се случиле сообраќајните незгоди е прекршокот „управување со возилото со брзина поголема од дозволената“, а најзагрозена категорија на учесници во сообраќајот се возачите и сопатници во моторни возила.
Сообраќајни незгоди
Во текот на првото полугодие од 2014 година, на патиштата во Република Македонија се случиле вкупно 1.716 (1.894) [1] сообраќајни незгоди со потешки последици (незгоди со загинати лица, со повредени лица и незгоди со поголема материјална штета), од кои 60 се незгоди со загинати лица, додека 1.655 се незгоди со повредени лица, а само една незгода е со поголема материјална штета. Во незгодите настрадале вкупно 2.758 (3.049) лица, од кои 2.687 (2.962) лица се повредени, додека 71 (87) лице загинале.
Прво полугодие
2014
2013
тренд
Сообраќајни незгоди
1.716
1.894
загинати
71
87
повредени
2.687
2962
Од извршените согледувања, евидентно е намалување на сообраќајните незгоди со потешки последици, како и намалување на бројот на загинати и повредени лица, кое пред се се должи на зачестени акциски контроли на возилата и возачите, како и зајакнатите мерки кои согласно плановите, континуирано се превземаа оваа полугодие.
Според местото на случување на сообраќајните незгоди со потешки последици, 1.319 незгоди се случиле во населените места, а на патиштата надвор од населени места во Републиката, се случиле 397 незгоди. Гледано по подрачја, 44% од сообраќајните незгоди се случиле на подрачјето на СВР Скопје-758 незгоди, потоа следи СВР Битола со 184, СВР Тетово-158 незгоди, на подрачјата на СВР Штип и СВР Куманово по 134 незгода, СВР Велес-128, на подрачјата на СВР Струмица-112, а најмалку на подрачје на СВР Охрид-108 незгоди.
По месеци, најмногу незгоди се случиле во мај -314, потоа во април -299, а најмал број на сообраќајни незгоди се случиле во февруари -251, а според деновите, случените соообраќајните незгоди се приближно на исто рамниште.Инаку, по часови, најмногу незгоди се случиле во времето од 14,00 до 16,00 часот-245 незгоди, а најмал број незгоди се случиле во времето од 02,00 до 04,00 часот- 47 незгоди.
Според видот на настанување, најбројни се меѓусебните судари на возила во движење-857 незгоди, потоа удар со возило во пешаци-442 незгоди, излетување на возила од пат-199 и др. Поради грешки на возачите се случиле 1.622 незгоди со настрадани лица, што претставува 94% од вкупниот број на незгоди, во кои загинале 68 лица, а 2.578 се повредени, најчесто поради управување со возилото со брзина поголема од дозволената-689, потоа поради недржење страна и правец на движење-522 поради непочитување на правилата за првенство на минување-495 и во помал број поради други причини.
Понатаму, пешаците предизвикале 71 незгода, во кои две лица загинале, додека 72 лица се повредени, додека патниците предизвикале една незгода, во кои едно лице загинало. Поради останати причини се случиле 17 незгоди, во кои 28 лица се повредени, а поради неисправна состојба на патната мрежа се случиле пет незгоди во кои девет лица се повредени.
Настрадани учесници во сообраќајот
Во сообраќајните незгоди настрадале вкупно 2.758 лица, од кои 2.687 биле повредени (423 се здобиле со тешки телесни повреди, а 2.264 лица биле телесно повредени), додека животот го загубиле 71 учесник во сообраќајот.
Загинати лица
Од извршените согледувања евидентно е дека 55% од вкупно загинатите лица, настрадале во случени сообраќајни незгоди на подрачјето на Секторите за внатрешни работи Скопје и Битола. Најмал број на лица загинаа на подрачје на СВР Тетово,-еден, каде минатата година загинаа дури седум лица.
Од загинатите лица најголем број се возачи и сопатници во моторни возила-по 21, потоа следат-17 пешаци, 10 мотоциклисти и двајца велосипедисти. Според возрасна структура, најголем број на лица-20 загинале на возраст од 18-30 години, потоа 19 се над 60 годишна возраст, 16 на возарст од 40-60, 11 се на возраст од 30-40, а пет се малолетници.
Од извршените согледувања евидентно е дека најмногу лица се повреди се здобиле во сообраќајни незгоди случени на подрачје на СВР Скопје, каде во овој период бележиме и благо зголемување, а во останатите Сектори повредените лица се приближно на исто рамниште.
Превентивно-репресивни мерки
На планот на сузбивање на сообраќајната деликвенција, од страна на Министерството за внатрешни работи, против прекршителите на сообраќајните правила и прописи превземени се вкупно 136.725 (124.690) превентивно-репресивни мерки, што во споредба со истиот период од минатата година бележат зголемување за околу 10 %.
Преземени превентивно-репресивни мерки
I полугодие од 2014 година
I полугодие од 2013 година
Вкупно мерки
136.725
124.690
Барања за поведување на прекршочна постапка
49.985
50.658
Наплатени парични глоби
5.176
3.611
Исклучени возила од сообраќај
9.326
9.186
Исклучени возачи од сообраќај
13.165
10.255
Времено одземени возачки дозволи
3.403
1.898
Извршени алкотестирања
32.993
28.291
Изречени опомени
14.990
14.233
Повикани на сообраќајна поука
3.001
1.706
Останати мерки
4.686
4.852
Барањата за поведување на прекршочна постапка, зедоа учество со 37% во вкупно преземените мерки, а компаративно со прво полугодие од 2013 година, истите се приближно на исто рамниште. Инаку, најголем број од барањата -45% се поднесени за сторени прекршоци „непрописно запирање и паркирање„ управување без возачка дозвола„ и „управување со нерегистрирани возила„ кои во овој период не беа директна закана за безбедноста на сообраќајот. Најдоминатни во поднесување на барања за поведување на прекршочна постапка се: Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата со 11.902, по што следи СВР Скопје со поднесени 11.878 барања и СВР Тетово-7076. Останатите Сектори за внатрешни работи во овој период поднесоа по околу 3.000 барања.Вреди да се споменеме дека во овој период бележиме зголемување на наплатените парични глоби за 43%.
Во анализираниот период, полициските службеници, покрај репресивните мерки, активностите ги насочија и во полето на превенцијта кои резултираа со зголемување на превентивните мерки.