ЈП Билјанини Извори: Новиот менаџмент константно враќа стари долгови оставени од времето на СДСМ

Во врска со соопштението од СДСМ, реакција испрати ЈП „Билјанини Извори“, во која стои:

„ЈП БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ ги оценува како несериозни и паушални ставовите кои се изнесуваат во соопштението за јавност кое денес го испрати до медиумите партијата СДСМ, а во кое повторно по кој знае кој пат оваа партија се обидува да ја лаже јавноста и со вакви плитки и невтемелени манипулации да се обидува да добие по некој ситен политички поен, притоа вовлекувајќи го ЈП БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ во своите дневно политички игри.

ЈП БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ од како е назначен новиот менаџмент константно враќа стари долгови оставени од времето на СДСМ. Се исплаќаат паушали и хонорари на членовите на Управни и Надзорни одбори кои во минатото сите беа од редовите на оваа партија, а на кои додека со градот владееше СДСМ не им се исплати ниту еден денар, па сега новата власт која партијата не знае како да ја критикувабидејќи работи домаќински и одговорно на враќање на долговите и му исплаќа заостанати долгови по овој основ на нивното членство.

Но, не само тоа! ЈП БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ ја исплати и платата од месец февруари (за која СДСМ критикува во соопштението дека била исплатена со задоцнување), а која не беше исплатена во времето кога тие раководеа со ова претпријатие, а тоа е токму февруари, месец за кој критикуваат, а во кој беа на власт.

Но, менаџерите назначени од СДСМ не го оставија само тој месец без плата. Како триумф на нивните менаџерски способности оставија пет не исплатени плати за месеците пред февруари 2013 година и 2012 година, кои новото раководство ги исплаќа, иако претпријатието тоне во долгови.

Што се однесува до загриженоста на СДСМ за парите од Светското првенство во ракомет кое се одржа во спортската сала, ги информираме дека нема простор да се грижат за овие пари, бидејќи тие сеуште не се легнати на сметката на претпријатието, а штом истите бидат исплатени од страна на Ракометната федерација на Македонија, веднаш ќе се пристапи кон исплата на заостанати долгови од времето на СДСМ, почнувајќи од фактури за ручеци и коктели кои ги оставија не исплатени како долг на претпријатието. За овие исплати јавноста детално ќе биде запознаена, а граѓаните и раководството на СДСМ Охрид ќе имаат прилика да видат како се исплаќаат огромни суми за долгови направени во ресторани и кафеани и да се запрашаат сами дали ако менаџерите од СДСМ не трошеле толку за ручеци по ресторани, можеби немало да има толку заостанати плати и гладни работници.

Дел од парите ќе бидат наменети за хонорари, паушали и не исплатени плати за вработените и ангажираните вујни, стрини, тетки, стриковци, братучеди, тетиновци, вереници и сопруги на истакнати членови на СДСМ и нивните коалициони партнери во градот.“ – стои во реакцијата од Општина Охрид.