Утре започнува фестивалот на вино и сирење

Утре вечер со почеток во 20 часот на плоштадот “Чинар“ односно некогашниот “Крушевска Република“ свечено ќе биде отворен Фестивалот на вино и сирење. Целта на случувањето е промоција на виното и сирењето како специфични македонски производи.

 „По неколку годишниот прекин на манифестацијата истата годинава е обновена со внесување повеќе иновации со намера да биде попривлечна за гостите. Покрај излагачи од југо западниот регион на Македонија кои беа присутни и во минатите изданија , годинава за прв пат свои штандови ќе имаат и производители од Ресен и Корча – Албанја. Со тоа настојуваме манифестацијата да добие меѓународен карактер. Иновативност во фестивалот е начинот на презентација на производите ,“истакна на денешната прес конференција Ѓоко Апостолоски од Секторот за туризам и локален економски развој посочувајќи дека овој Сектор кој е и организатор на случувањето успеал да обезбеди финансиски средства за реализација и истото од SWG (Regional Rural Development Working Group) во рамки на ABD програмата.

vinoisirenje_400

На фестивалот кој трае два дена односно на 15-ти и 16-ти август учество ќе земат 20 излагачи кои своите производи ќе ги излагаат после 17 часот и за посетителите ќе бидат отворени до 24 часот.

Музичкиот дел во двата фестивалски дена запонува во 20.30 часот и во него е предвидено да настапат охридски бендови.
Во овие два дена додека трае Фестивалот на виното и сирењето во Охрид ќе се случува и ревијата на олдтајмери при што еден дел од нив ќе бидат изложени токму кај чинарот.

„Со тоа ние ќе имаме една комплементарност, паралелно ќе ни се случат две манифестации. Посетителите ќе може да вкусат добро сирење и вино , да слушаат добра музика а воедно да видат и атрактивни и ралитетни олдтајмери“ – додаде Апостолов.