Денес, во просториите на општина Охрид, се одржа координативен состанок за претстојниот „Охридскиот Маратон“. На состанокот присуствуваа секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, директорите на јавните претпријатија, претставници на пливачката федерација на Македонија, претставници на капетанија, сојуз на спортови, Соња Думбалова – судија за жени, Јане Карајованов – делегат на овогодинешниот маратон.
На средбата се разговараше за текот на подготовките и за некои од новите правила и прописи кои оваа година е потребно да се применат. Во наредните денови продолжуваат ваквите состаноци за да се додефинираат сите сегменти како непречено би се одржал маратонот.
Во овогодинешниот „Охридскиот Маратон“ кој ќе се одржи на 23.08.2014 ( сабота ) ќе учествуваат 22 пливачи, а стартот традиционално ќе биде од „Св. Наум“.