Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, денеска по повод 18-ти август, Денот на Армијата на Република Македонија, упати честитка до припадниците на АРМ и граѓаните на Република Македонија:
„Дозволете, во мое лично име и во име на Социјалдемократскиот сојуз да ви го честитам Денот на Армијата на Република Македонија.
Од голема важност се вашиот влог и придонес во безбедноста и стабилноста на државата, како чувари на интегритетот и суверенитетот на Република Македонија.
Партиципирањето на голем број припадници на АРМ во меѓународните мировни мисии, `не прави горди сите нас, како граѓани на Република Македонија, чијашто цел е мир во светот.
Ви посакувам бројни успеси и во иднина, и со поддршката од сите нас, да ги оствариме заложбите за подобро општество и интегрирање на Македонија во евро-атланските структури“. – стои во честитката.