Дваесет и осми пливачки маратон маратон и 60 години од првата пливачка трка во Охридското Езеро

Дваесет и двајца натпреварувачи од 14 земји ќе учествуваат на 28-от Пливачки маратон што во сабота ќе се одржи на патеката „Климе Савин“ од манастирот „Свети Наум“ до Градското пристаниште во Охрид.

На 30-километарската патека во водите на Охридското Езеро точно напладне ќе запливаат 16 мажи и шест жени од Македонија, Чешка, Казахстан, Бразил, Аргентина, Италија, Белгија, Франција, Германија, Хрватска, Русија, Шпанија,

Традиционално по пристигнување на сите учесници на Градското пристаниште, покровителот на манифестацијата, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на тројцата најдобро пласирани во машка и женска конкуренција ќе им ги додели наградите. Наградниот фонд за 28-от Пливачки маратон е 10.000 долари.

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески нагласи дека Охридскиот маратон е голем промотор на градот во светски рамки.

„Локалната самоуправа направи максимални напори маратонот да биде на што е можно повисоко ниво. Очекувањата на целата наша спортска јавност се големи поради учесвото на нашиот пливач Томи Стефановски, кој е годинашен фаворит и доколку победи ќе стане светски шампион во пливање за 2014 година“, рече Бакрачески.

maraton_4001

Годинава Општина Охрид во соработка со Сојузот на спортови , охридската Капетанија и Јавните претпријатија застанува зад целосната техничка организација на Пливачкиот Маратон. Значи организацијата во поглед на чамци -придружба, контролни чамци, глисери, бродови, водител, културно –уметничкиот дел на манифестацијата која се однесува на моментот на пристигнување на пливачите, нуркачи, спасувачки екипи и слично паѓа на товар на Општина Охрид.

Со заложба на градоначалникот Никола Бакрачески ден пред маратонот во петок од 9 часот наутро во хотел “Ривиера“ ќе бидат организирани здравствените прегледи од страна на медицински екипи . Истиот ден , во рамките на фестивалот “Охридски трубадури“ ќе има официјално претставување на маратонците, на сцената поставена пред кафе бар “Објектив“.

Исто така во петок во 12 часот во мала сала во општина Охрид е планиран прес конференција за маратонот на која е предвидено да присуствуваат Градонацалникот Никола Бакрачески ,делегатите и македонските маратонци.
Охридскиот пливачки маратон континуирано се одржува од 1992 година, а првиот официјален маратон во Охрид бил одржан 1962 година на патеката Пештани – Струга – Охрид во должина од 36 километри. Победник на овој маратон бил египјанецот Абу Хеиф, а третото место му припаднало на охриѓанецот Дики Бојаџи, додека во женска конкуренција победила неговата сестра Атина Бојаџи.

Годинава, се навршуваат 60 години од првиот организиран маратон во Охрид, во 1954 година на релација Горица – Охрид во должина од 2,5 километри, каде учествувале осум натпреварувачи. Победник на овој маратон бил Нико Нестор.

Охридскиот пливачки маратон годинава е во организација на Меѓународната пливачка организација – ФИНА, Пливачката федерација на Македонија, Општина Охрид и Каптеанијата на пристаништата.

maraton_4002