Вевчанци започнаа иницијатива за враќање на смртната казна

На синоќешната седница на Совет на општина Вевчани (18.08.2014 година) едногласно од присутните членови на советот на општина Вевчани, а на предлог на Градоначалникот на општина Вевчани се донесоа две Одлуки:

1. Одлука за определување името „Мате Ѓурчески“ за инфраструктурниот објект – тениско игралиште; и

2. Одлука за определување името „Владо Попески“ за инфраструктурниот објект – спортска сала.

„Мате и Владо беа пример за генерациите. Со овој чекор Вевчани им се оддолжува, ова е признание за нивниот придонес во афирмацијата на Вевчани на спортски, културен и општествен план.

Болката за нивната трагична и прерана смрт е голема и ненадомествлива.

На овој начин Мате и Владо ќе останат запаметени од заедницата.

Воедно, Ве известуваме дека започната е граѓанска иницијатива во Вевчани за враќање на смртната казна за извршени најтешки облици на кривични дела. По собирањето на потписите иницијативата ќе биде доставена до надлежните институции во Република Македонија.“-велат од општина Вевчани.