Катарци заинтересирани да инвестираат во Охрид

Бизнис делегација од Катар од областа на градежништвото доцна попладнево беше во официјална работна посета на Општина Охрид.

Катарските гости предводени од претседателот на градежната компанија “Рамко“,г. Анвар Ал Кавасми и регионалниот менаџер Кхалдун Езудин, ги примија заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев, претставници од Секторот за туризам и локален економски развој и од Секторот за урбанизам при Општина Охрид.

На работната средба гостите добија податоци за Охрид по што пред нив беа презентирани и неколку локации погодни за изградба на хотелски капацитети . Гостите беа информирани и за проектот што се однесува на скијачкиот центар а кој се планира да се гради на планината Галичица.

investitori_katar_4002

Инаку, компанијата “Рамко“ е една од водечките компании во Катар, односно холдинг кој има 32 компании во земјата и во странство со промет од над 800 милиони долари.

Компанијата особено е заинтересирана за инвестирање во хотели со пет ѕвезди.

Со претставници од Секторот за туризам и локален економски развој , гостите од Катар ќе ги разгледаат понудените локации во Охрид погодни за изградба на хотелски капацитети.

investitori_katar_400