Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во јули 2014 година како поповолна во однос на претходниот месец, a на исто ниво во однос на јули 2013 година. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на претходниот месец.
Обемот на производството во јули 2014 година е поповолен во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, како и очекувањата за бројот на вработените. Во јули 2014 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во јули 2014 година се зголемени во споредба со претходниот месец. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јули 2014 година изнесува 61.6% од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производство во јули 2014 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 22.2%, недоволната домашна побарувачка со 18.5%, неизвесното економско опкружување со 9.2% и финансиските проблеми со 8.9% .