Со одигрувањето на ревијалниот натпревар во ватерполо помеѓу екипите на Охрид и Струга, официјално беше затворен градскиот базен „Атина Бојаџи“ за сезоната 2014.
„ЈП „Билјанини Извори“ и оваа година како субјект кој стопанисува со градскиот базен се потруди во рамките на своите можности на граѓаните да им понуди многу спортски соджини и настани кои од година во година се повеќе ја збогатуваат понудата за сите граѓани на Охрид како и за сите гости во Охрид.“ – велат од претпријатието.
ЈП „Билјанини Извори“ им се заблагодарува на сите рекреативни корисници на градскиот базен, на сите пливачки школи и клубови за нашето дружење во изминатите два месеци и им ветува дека наредната сезона ќе понудиме уште повеќе содржини и настани, веруваме во интерес на сите нас.