Охрид стана дел од Европски партнерски проект „Концерт на 100 млaди“

По зачленувањето на Општина Охрид во Европската мрежа на градови со езера во Исео- Италија, Охрид стана дел од Европски партнерски музички проект „Концерт на 100 млади”.

На овој Европски музички камп во Белград учествуваа тројца музичари- виолинисти од Охрид (од музичкото училиште ) и еден ментор.

„Концертот 100 млади” е европски партнерски проект на млади музичари од различни европски држави и тоа: Блед Словенија, Тамсвег Австрија, Десензано дел Гарда- Италија, Белград- Србија и Охрид- Македонија.

Следуваа и други настапи во рамките на проектот.