Започна Балканското првенство во бадминтон

Денес, во Охрид започна сениорското Балканско првенство во Бадминтон. Првенството ќе трае од 11 до 14 септември од 10 до 19 часот во спортската арена „Билјанини извори“. На првенството свое учество зедоа 10 држави, Македонија, Албанија, Турција, Бугарија, Хрватска, Србија, Грција, Романија, Молдавија и Босна и Херцеговина.

„Уверен сум дека покрај спортските натпревари ќе имате и доволно време да го разгледате нашиот град за да ја почувствувате историјата и културата, која во Охрид трае повеќе од 7 илјади години. Како ретко кое место во светот, Охрид, на едно место ги спојува природата и културата, што како универзална вредност е препознаено од УНЕСКО и се наоѓа на неговата листа на заштитени подрачја. Убеден сум дека волшебноста на нашиот град ќе направи да понесете незаборавни впечатоци и повторно да посакате дојдете тука“, – истакна заменик-градоначалникот Ангел Јанев, на отворањето на првенството.

badminton_4002

Тој додаде дека општина Охрид посветува посебно место во развојот на спортскиот туризам и организирањето на домашни и меѓународни напреварувања.

„Општина Охрид во својот развој посебно место посветува на спортскиот туризам и организирање на домашни и меѓународни натпреварувања. Доказ за тоа се неколкуте меѓународни натпреварувања на светско ниво кои се одржеле кај нас и подготвеноста да инвестираме во спортската инфраструктура, што нашиот град ќе го направи уште поконкурентен во оваа сфера. Убеден сум дека и Балканскиот шампионат во бадминтон ќе се одржи во оптимални услови за вашите натпревари и посакувам истите да поминат со витешка борба и во духот на спортскиот фер плеј“, – истакна Јанев.

Организатор на првенството е Бадминтон федерацијата на Македонија. Влезот на натпреварите е слободен.

badminton_4003