Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар

Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.2% на месечно, односно за 0.4% на годишно ниво.

Во август 2014, во споредба со јули 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Енергија за 0.9% и во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 0.7%.

Во август 2014, во споредба со август 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Енергија за 3.0%, во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 2.4% и во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0.4%.