Делегација на СДСМ во Шведска се сретна со идниот премиер Стефан Ловен

Делегација на Социјалдемократскиот сојуз во Шведска лично ги пренесе честитиките и поддршката на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и на раководството на СДСМ, на Стефан Ловен, кој по уверливата победа на Социјалдемократите ќе биде иден премиер на Шведска.

Претставниците на СДСМ, Васко Ковачевски – пратеник, Методија Тасовски – член на Централниот одбор, Ѓоко Танасоски – член на Извршниот одбор на партијата и Мила Царовска – претседателка на Комисијата за труд и социјална политика, во рамки на четиридневната посета на Шведска, остварија повеќе средби со кандидатите на Социјалдемократската партија на Шведска, а синоќа се сретнаа и со Стефан Ловен, чијашто партија ги доби парламентарните избори.

Делегацијата на СДСМ, на Ловен му подари македонски локум.

sdsm_svedska_150901

За време на четиридневната посета, претставниците на СДСМ, со раководството на сестринската партија во Шведска ги разгледа плановите за идна подлабока и поинтензивна соработка, а остварија и средби со повеќе кандидати за градоначалници од редовиите на социјалдемократите во Шведска.

Делегацијата на СДСМ во Шведска оствари средби и со дијаспората од Македонија, на коишто се разговараше за продлабочување на соработката.

sdsm_svedska_150903