Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во јули 2014 година, во однос на јули 2013 година, изнесува 112.2.
Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јули 2014, во однос на јули 2013 година, бележи опаѓање од 14.4%, а индексот на прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 24.0%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2014 година, во однос на јули 2013 година, бележи опаѓање од 3.1%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 13.0%.
Според главните индустриски групи, прометот во јули 2014 година, во однос на јули 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.0%, Капитални производи за 30.9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10.4%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 98.1% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 14.0%.
Индексот на прометот во индустријата во јули 2014 година, во однос на јуни 2014 година, изнесува 96.8, додека во периодот јануари-јули 2014 година, во однос на периодот јануари-јули 2013 година, изнесува 112.3.