Делегација од СДСМ се сретна со социјалдемократите од општина Уландс – Бро во Стокхолм

Денеска претседателката на комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, Мила Царовска и членот на Извршниот одбор на СДСМ, Ѓоко Танасоски, остварија средба со советничката за социјална политика Керстин Ахлин од Социјалдемократската партија во општината Упландс – Бро, Стокхолм, Шведска.

На средбата беа разгледани мерките за социјална заштита што се преземаат на локално и национално ниво со цел обезбедување социјална благосостојба на граѓаните во Шведска.

DSCN0088

Се разговараше и за продлабочување на соработката помеѓу Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Социјалдемократската партија од Шведска, во делот на социјалната политика, како и за работа на заеднички проекти и размена на искуства помеѓу двете партии.

DSCN0078