Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во август 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 4.2%, а кај аутпутот е зголемен за 6.6%.
Во август 2014 година, во споредба со август 2013 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 95.5, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100.1.
Во делот аутпут, во август 2014 година, во споредба со август 2013 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 110.7, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 99.8.