Индекси на прометот во секторот Трговија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во јули 2014 година, во споредба со јули 2013 година, гледано по групи и класи, намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 10.0%, а реално за 9.0%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 0.6%, а реално за 11.2%), Трговија на мало, освен трговија со горива номинално за 5.4%, а реално за 5.3%) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 7.0%, а реално за 9.3%).