Охрид од утре домаќин на регионална конференција „Методологија за оценување на кандидатите при основна полициска обука“

Од утре(17-ти септември) во Охрид, па до петок (19-ти септември), Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ќе биде домаќин на Регионалната конференција посветена на темата „Методологија за оценување на кандидатите при основна полициска обука“, на која што претставници на полициите на земјите од регионот ќе презенетираат и разменат искуства од оваа област.

Предвидено е утре на конференцијата свое поздравно обраќање да има директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Митко Чавков.