Делегација на СДСМ на годишна конференција на Лабуристичката партија во Манчестер

На покана на Лабуристичката партија, делегација на СДСМ предводена од претседателката на Градската организација на СДСМ, Софија Куновска, учествува на нивната партиска годишна Конференција во Манчестер.

Куновска оствари средба со Гарет Томас, член на Парламентот и министер за Европа на Владата во сенка на Лабуристичката партија, на којашто стана збор за актуелната политичка ситуација во Македонија и за новата Стратегија на СДСМ.

Претседателката на Градската организација, Куновска оствари и кратка средба со Ричард Ховит, на којашто досегашниот известувач за Македонија во ЕП ја изрази својата грижа за Македонија со надеж дека земјата ќе остане на патот на евро – интеграциите.