Новиот предмет Иновации со воодушевување е прифатен кај учениците од ОУ „Св.Климент Охридски“

Основното училиште „Св.Климент Охрдски“ – Охрид во наставата вклучи успешни претприемачи од државата и пошироко. Новиот предмет Иновации со воодушевување е прифатен кај учениците во ОУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид.

Во согласност со наставниот план и програма на предметот, професорот Галина Малезаноска, првото предавање „Карактеристики на успешен претприемач“ го одржа со д-р Весна Игнатович – Стоилкович, основач на центрите за естеска медицина „Dr.-VAIS“.

Учениците беа импресионирани од нејзиниот професионален успех на меѓународно ниво стекнат во 25-годишното работно искуство и работењето на нејзините центри во Ниш, Белград и Скопје.

Секој ученик на крајот од часот дооби подарок од „Dr.-VAIS“.

„Сепак најважна инвестиција за еден млад човек е инвестицијата во себе и љубов кон работата, вистински да се сака тоа што се работи бидејќи кога љубовта и професијата ќе се спојат добиваме рецепт за успех“. – изјави д-р Весна И. Стоиљкович.