Едночасовен застој на сообраќајот на магистралниот пат Охрид-Кичево кај делницата Пресека-Врбјани

Поради минирање на теренот во близина на патната делница Пресека – село Врбјани на магистралниот пат Охрид-Кичево, денес на овој патен правец ќе има едночасовно сопирање на сообраќајот во двата правци.

Застој на сообраќајот е предвиден во времето од 13:30 до 14:30 часот кога полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај ќе го стопираат сообраќајот во правец Охрид – Кичево. Истовремено, сообраќајната полиција од полициската станица во Кичево ќе го сопре сообраќајот во правец Кичево – Охрид.

Застојот на сообраќајот на магистралниот пат Охрид-Кичево кај делницата Пресека-село Врбјани е заради потребите на градежната фирма „Илинден“ која ги изведува работните зафати на изградба на автопатот Кичево – Охрид.