СДСМ: Откако ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески се на власт во Охрид, градот година ипол тапка во место

Откако ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески се на власт во Охрид, градот година ипол тапка во место, обвинија на денешната прес- коференција од ОО на СДСМ Охрид.

„Ништо од изградбата на дом за стари лица! Ништо од изградбата на автобуската станица! Ништо од Затворениот пазар! Ништо од развојната зона Мауцкер! Ништо од градењето на затворениот базен! И едно големо ништо од ревитализацијата на Студенчишкото блато!

За ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески Студенчишкото блато не е природен феномен и нема особено значење, бидејќи на тоа токму на тоа место тие ќе градат градска марина!

Градоначалниче Бакрачески,Марината можете да ја изградите на кое било место во Охрид. Природата не се гради.

Студенчишкото блато е споменик на природата и како такво треба да биде заштитено и ревитализирано.“– потенцираа од ОО на СДСМ Охрид.

СДСМ во интерес на граѓаните и заштитата на наследеното културно богатство бара ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески да се откажат од уништувањето на нашето природно богатство.

„За жал, освен уништување и задолжување, оваа власт на ВМРО-ДПМНЕ друго ништо не знае.

Единствено што е во најава дека ќе се направи овде во Охрид се стотици метри асфалт и 2 кружни текови. Но и за нив ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески ќе не задолжат нас граѓаните 2 милиони евра!

Охрид е град со традиција и култура. Ние граѓаните очекуваме културен и економски развој на градот. Очекуваме исполнување на предизборните ветувања, а не нови ветувања, и толку.“- додадоа од ОО на СДСМ Охрид.