Општина Охрид организира работилници за млади лица

Општина Охрид, организира три работилници наменети за лица на возраст од 18 до 35 години.

Првата работилница ќе биде наменета за дизајнирање и изработка на филиграни и бисери, втората ќе биде за подготвување и пакување на традиционална храна и третата работилница ќе биде за изработка на електронска брошура за градот Охрид.

Сите заинтересирани лица кои го исполнуваат условот можат да се пријават секој работен ден во Секторот за туризам и локален економски развој од 08 до 16 часот, или на телефон 046/230 – 175.

Пријавувањето на кандидатите трае до 10.10.2014 година.