Учениците од ОУ„Григор Прличев“ поборници за чисти води

Денес, ученици од Основното Училиште „Григор Прличев“ беа дел од свеченото предавање на „белото знаме“ на плажата Инекс „Горица“.

„Учениците имаа можност да се запознаат со значењето на знамето и да бидат сведоци на свеченото подигнување. Овие ученици ќе бидат амбасадори меѓу нивните врсници и ќе ја пренесуваат пораката за заедничка грижа за чиста вода во Охридското Езеро.“– велат од училиштето.