Македонија стартуваше со победа на Светското првенство во ракомет кое се игра во Катар. Македонската репрезентација одигра одличен натревар и без проблеми го совлада Тунис со резултат 33-25.
Иако натпреварот започна со 0-2 предност за Тунис, нашите ракометари успеаа веднаш да воспостават контрола врз играта и веќе кон средината на полувремето имаа предност од 6 голови. Кон крајот на полувремето Тунис успеа минимално да ја намали таа предност и на полувреме се замина со резултат 18-14.
Во второто полувреме се играше релативно сличен ракомет како и од средината на првото полувреме, со особено добра игра на Македонија, без грешки, со стрпливо креирање на акциите, а покрај ефикасниот напад особено важни беа и одбраните на нашиот голман Борко Ристовски. Со предност од 8 голови, натпреварот заврши со победа на Македонија со резултат 33-25.
Најефикасен играч на натпреварот беше Кире Лазаров со 10 постигнати голови, додека пак за играч на натпреварот беше прогласен Дејан Манасков.
WebOhrid