Струшки полицаец побарал мито од 2.000 денари

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднесе кривична пријава против В.М.(27), полицаец во ПО за БПС „Струга“ за сторено кривично дело „примање поткуп“. На 28.09.2014 година, околу 11,00 часот, кај м.в. „Мороишки Мост“ во Струга од страна на пријавениот е извршена контрола на товарно возило „мерцедес“ сопственост на фирма, кое било управувано без патен налог и во кое била превезувана стока без документација. Пријавениот, за да не преземе соодветни мерки од лице кој бил во возилото и е сопственик на стоката побарал и примил поткуп од 2.000 денари.