Првачињата од ОУ „Григор Прличев“ во посета на Општина Охрид

Во рамки на серијата редовни посети, а по повод неделата на децата, денес на гости во општина Охрид беа учениците од прво одделение од Основното училиште „Григор Прличев“. Во улога на домаќин беше заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев кој ги запозна младите охриѓанчиња, со начинот на работа и функционирањето на локалната Самоуправа.

Општината е секогаш отворена како за повозрасни така и за најмлади гости, тоа е пракса која ја воведовме минатата година и во континуитет ја реализираме се уште. Денес ,честа и задоволството да ги пречекам прво одделенците ми припадна мене. Дечињата ги запознав со хиерархиската поставеност на Локалната самоуправа, а тие беа горди и задоволни и ни раскажаа за она што досега го учеле на училиште, а ни испеаја и по една песна,“ рече заменик градоначалникот ,Ангел Јанев.

Директорката на ОУ „Григор Прличев“, Силвија Мојсоска вели дека ваквите посети се добра можност младите да се запознаат со надлежностите на Градоначалникот и на останатите стручни служби.

Убаво е од прво одделение односно од шестата година децата да се запознаваат со работата на општината и другите институции, да учат за начинот на нивната работа и нивната меѓусебна поврзаност. Со тоа како повозрасни тие ќе имаат солидни познавања кои ќе можат да ги искористат во понатамошниот живот“, истакна Мојсоска.

 Најмладите посетата ја заокружија со обиколка низ општинската зграда и си заминаа со низа впечатоци и доживувања.