Започнаа чествувањата за 11-ти Октомври

Во рамките на предвидените активности за одбележување на 11- ти октомври, Културно Уметничкото Друштво Филиграни Охрид, вечерва пред многубројна публика во Центарот за култура „Григор Прличев“ приреди незаборавна предпразнична атмосфера со фолклорна вечер, каде учествуваа гости играорци од Хрватска и Бугарија.

Народната песна ги расположи сите како и гостите од Сојузот за Борци од НОАВМ 1941-45 и граѓаните продолжувачи од Охрид и Дебрца и повеќе здруженија од градов. Предпразничната атмосфера ги расположи многубројните охриѓани со настапите на КУД Филиграни и фолклорни ансамбли од Р.Хрватска и од Софија Р.Бугарија.