Украина 1:0 Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија гостуваше во Украина во рамките од третото коло од квалификациите за Европското првенство 2016 кое ќе се игра во Франција.

Натпреварот започна со блага доминација на Украина. Се играше претпазливо и се бараше шанса преку евентуални грешки на противникот. Шанси имаше на обете страни. И кога сите мислеа дека на полувреме ќе се замине со резултат 0:0 во судиското продолжение (45+2) Украина искористи мало невнимание на нашата одбрана и преку контра-напад со голот на Сидорчук дојде во водство од 1:0.

Второто полувреме не започна баш најдобро за нашата репрезентација. Украина започна фуриозно, а беше досуден пенал за Украина во 47-ма минута, но за среќа Јармоленко не биеше прецизно. Од тој момент играта на нашата репрезентација се стабилизира. Имавме неколку изгледни шанси за изедначување, особено по направените измени при што нашата игра беше целосно концентрирана на нападот. На крајот, среќата остана на страната на домаќините, издржаа во одбраната, не примија гол, со што остана резултатот од првото полувреме, 1:0.

WebOhrid