Учениците од Основното Училиште „Григор Прличев“, денес ја реализираа првата есенска екскурзија. Најмалите, односно учениците од прво и второ одделение прошетаа по Кејот на Охридското Езеро.
Четвртоодделенците, беа во посета на музејот „Никола Незлобински“ во Струга и продолжија во Вевчани, петоодделениците на прошетка во Музејот„ Заливот на коските“ во Градиште, па продолжија за Свети Наум, седмо и осмо одделение во посета на манастирот Рајчица, Св. Јован Бигорски и Маврово.
„Според Правилникот за екскурзии, по објавен оглас, третоодделенците ќе одат на еднодневна екскурзија во Скопје, 6 одд. дводневна Скопје, Кавадарци (спиење), Прилеп, Крушево и 9 одд. тридневна Скопје, Кавадарци (спиење) Струмица и источниот дел, назад Кавадарци (спиење) Прилеп, Битола, Охрид. Но, тие ќе одат во следните две недели затоа што во тек е изборот на агенцијата.
Оваа година посебно обрнавме внимание на Програмата за екскурзии и излети за да не ја менуваме следните години и секој ученик кога ќе дојде во даденото одделение да се знае каде ќе оди, а да не се повторуваат релациите. Следната година само ќе вметнеме нешто ново за 7 одделение, односно сега што се седмо, а догодина што ќе се осмо.“ – вели за WebOhrid, директорката на ОУ „Григор Прличев“, Силвија Мојсовска.
Некои други училишта, како што е ОУ „Ванчо Николески“од Лескоец, како што велат од оправдани причини оваа екскурзија ја одложија за во четврток 16-ти октомври, а дестинацијата им е манастирскиот комплекс Свети Наум.
WebOhrid