Работен состанок на тема „Превенција на злоупотребата на визната либерализација“

„Превенција на злоупотребата на визната либерализација“ е темата на денес закажаниот работен состанок помеѓу претставници на СВР Охрид и регионалниот центар „Запад“ со невладиниот сектор од Охрид.

Целта на средбата е поинтензивно вклучување на невладините организации во подигнувањето на јавната свест кај граѓаните во насока на стопирање на злоупотребата на визната либерализација.

Работниот состанок  се одржува денес во просториите на Црвениот крст во Охрид. На истата тема, работен состанок ќе се реализира утре во општинскиот Црвен крст во Струга.