Во организација на општина Охрид, утре, со почеток во 10 часот во просториите на општина Охрид ќе се одржи втората работилница од проектот „ Младите како носители на културата, традицијата и знаењето во Општина Охрид “.
Креативниот начин на подготовка на традиционална храна и осврт кон добриот естетски изглед ќе биде тема на втората работилница за која се пријавени голем број учесници.
Проектот е финансиран и поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија.