На 2-ри ноември во времето од 14,00 до 17,00 часот, во село Косел, охридско за време на одигрување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Вулкан“ од с.Косел и ФК „Кораби“ од Дебар, по завршување на првото полувреме Д.Т.(58) од с.Велгошти, охридско во соблекувалната физички го нападнал главниот судија. На лицето му е издаден платен налог за сторен прекршок.