Утре промоција на прирачникот „Наши совети за ваша поголема безбедност“

По повод 7-ми ноември-Денот на ослободувањето на Охрид, Здружението на пензинери од Охрид и Дебрца, ЗП Струга и Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи-Охрид, ќе го промовираат прирачникот, „Наши совети за ваша поголема безбедност“.

Воведничари ќе бидат преставници на ЗП на Охрид и Струга и СВР Охрид.

Во вториот дел од промоцијата, група на ученици од основните училишта од Охрид, под раководство на наставничката во пензија Ристана Мојсоска, ќе изведат пригодна програма, посветена на Денот на ослободувањето на Охрид.

Гости ќе бидат заменик –градоначалникот Ангел Јанев, директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, Екрем Каљоши, директорот на ОУ „Христо Узунов“, м-р Тони Симоновски, претседателот на Црвен Крст, Сашо Точков, преставници на СВР Охрид.

Промоцијата ќе се одржи утре, 6 ноември( четврток)  во 11 часот во Домот на пензионерите во Охрид.