Намалени цените на угостителските услуги

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во октомври 2014 година, во споредба со септември 2014 година, е зголемен за 0.1%. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.1% и Безалкохолни пијалаци за 0.1%.

Индексот на цените на угостителските услуги во октомври 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 1.3%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – октомври 2014 година, во однос на истиот период од минатата година, е намален за 0.8%, додека во однос на декември 2013 година е зголемен за 0.4%.